Кога настанала фотографијата со Ѓоковиќ ѝ било најтешко во животот: Емотивна објава на Ребел Вилсон

„Кога видов како изгледам, се запрепастив... А Новак, инаку, е многу добар човек“, истакнува актерката.

Ребел Вилсон неодамна сподели заедничка фотографија со тенискиот ас Новак Ѓоковиќ на својот профил на Инстаграм, каде раскажа низ што поминала од моментот кога настанала таа фотографија до денес, во однос на здравјето. Како што објасни, тогаш ѝ било најтешко, но не крие колку е горда на себе за сè што успеала да промени на подобро и целосно да сврти нов лист.

- Во ред, инаку на објавите изгледам многу подобро, уредно, ако ништо друго... Но, ја најдов оваа стара фотографија, случајно, меѓу некои мејлови и мисла ми помина низ глава: „Ау“ - започна таа, пишувајќи за фотографијата на која позира со Ноле.

- Се сеќавам, моето здравје беше сериозно нарушено во тоа време. Бев подебела од било кога, јадев речиси исклучиво нездраво. Бидејќи храната ми беше голема помош во тешките животни моменти - посочи таа, зборувајќи за времето кога го изгубила татко ѝ, па се справувала со голема болка.

„Тогаш почина татко ми…
Срцев удар. Беше толку тажно. Немав високо мислење за себе ниту се вреднував себеси, а требаше. Интересно е што се смеам на оваа фотографија и се обидувам да бидам активна. А јас бев толку болна и тагував - искрена е таа.

- Ја гледам таа девојка а фотографијата и горда сум на сè што успеа да постигне, да се промени. Така, со ова, сакав да послужам како пример и да бидам поддршка за сите што се борат со вишокот килограми, изгледот воопшто, но и здравјето, и оние кои ги „хранат своите емоции“. Знам како се чувствувате - заврши актерката, нагласувајќи дека никогаш не е доцна за промени од овој тип, бидејќи „човекот секогаш треба да се стреми да биде најдобрата можна верзија за себе“.

- Ова не е натпревар, ова е прашање на почит. Ако го читате ова, сакам да бидете насмеани и активни и да продолжите да работите. Ве сакам - додаде актерката.

View this post on Instagram

A post shared by Rebel Wilson (@rebelwilson)


Таа неодамна зборуваше и дека за да има поголеми шанси еден ден да стане мајка, ослабе над 30 килограми.

извор:24sedam.rs