За да има поголеми шанси еден ден да стане мајка: Ребел Вилсон ослабе над 30 килограми
Иако првично била навредена што лекарите ѝ рекле дека мора да ги изгуби вишокот килограми за да има поголеми шанси да забремени, нивните коментари биле нејзината мотивација да почне да живее здраво.
Познатата американска актерка Ребел Вилсон (41) изгуби повеќе од 30 килограми во последната година благодарение на редовното вежбање и различните промени во животниот стил, пишува Daily Mail.
На својот профил на Инстаграм, актерката сподели фотографија од Франција, каде моментално е на одмор, и на своите следбеници им покажа одлична фигура во мал црн фустан додека пие шампањ.
Ребел изгледа апсолутно беспрекорно додека позира пред базенот со нејзината пријателка Лиза Рубен.
Имено, Ребел неодамна откри дека се одлучила за диета бидејќи докторите ѝ рекле дека ќе има поголеми шанси да забремени.
Иако првично била навредена што ѝ го кажале ова, нивните коментари биле нејзината мотивација да почне да живее здраво.
- Отпрвин, не го правев тоа за себе, туку размислував за тоа дете и неговиот квалитет на живот. Тоа размислување е она што ме покрена да ослабам - рече еднаш Ребел.
извор:24sata.hr