Кога сум се родил, мама имала 23, а тато 54 години: Како навистина изгледа животот со стар татко

Родителството на подоцнежна возраст отсекогаш било контроверзна темаа ова момче ја сподели својата приказна.

Кога се родил, неговиот татко имал 54, а неговата мајка само 23 години, не само што е задоцнето родителство, туку и голема разлика во возраста помеѓу родителите - дури 31. Еве како се справил со сето ова.

Мајкл Холанд ја сподели својата приказна на форумот Редит, а ние ви ја пренесуваме во целост:

„Како изгледа детството со постари родители? Според моето искуство - одлично! Татко ми имаше 54 години кога ме доби. Мајка ми имала 23 години. Можеби не ви изгледа така, но јас сум планирано и со нетрпение очекувано дете.

До мојата 5 година, секој ден ми изгледаше идентично: Тато ќе дојдеше од работа (работеше како домар на факултетот), и веднаш ќе ми се посветеше. Остатокот од вечерта најчесто го поминувавме гушнати на каучот, баш како на насловната фотографија.

Не бев типично машко дете, кое главно се врзува за мајка му. Напротив, плачев секогаш кога мама сакаше да ме земе од него. Така беше се додека не тргнав на училиште.

На фотографијата, јас сум најмалиот, седам на стол покрај тато. Зад мене е мојот брат Рони, а лево е сестра ми Рози. Моите родители се разведоа во 1995 година и мајка ми не однесе во Арканзас. Поминавме убаво таму, но ми недостасуваше татко ми и сакав да бидам со него. Така, еден ден тој седна зад воланот, возеше скоро 2 дена нон-стоп од Јужна Каролина до Арканзас и ме зема.

Таа учебна година го поминав летото со мајка ми. Таа раскина со своето момче поради кое отиде во Арканзас и си најде ново. Тоа лето, таа отиде на тридневно патување со тоа ново момче и нè остави дома. Следниот ден се исплашив и тато дојде повторно да ме земе.

Тато и јас живеевме сами неколку години. Ние работевме на нашето семејно стебло со месеци за време на викендите. Заедно двајцата опфативме повеќе од 100 години семејна историја. Ме научи да рибам, да пукам, како да се однесувам. А, за мојот 10-ти роденден, татко ми направи нешто што никогаш порано или оттогаш не го правел.


Ми подари мало возење со авион заедно. Не знам како го организираше тоа или колку го чинеше. Сè што знам е дека овој човек ја надмина страшната фобија од летање со цел да ја исполни најголемата желба на неговиот 10-годишен син. Тоа беше пред 23 години, а тој ден го паметам како да беше вчера.

Го изгубив татко ми на 12-ти октомври. 2019 година во 3:35 часот. И знаете што? Тој неверојатен човек, мојот херој, се држеше сè додека не успеав да му кажам колку го сакам. Додека заминав тој почина. Како е да се има стар татко? Неверојатно убаво“.


фото: Reddit

Mожеби ќе ве интересира:

Мајка по дури 14 сина, роди ќерка: Таа е најдобриот подарок во оваа чудна година