Кој би рекол дека има 56 години: Елизабет Харли во „жежок“ костим за капење изгледа феноменално

Актерката Елизабет Харли која има 56 години во костим за капење покажа дека годините за неа се само бројка и дека изгледа подобро од било кога.

Во шестата деценија Елизабет мами воздишки каде и да се појави, а овој пат опасно провоцира.

Актерката позираше во едноделен костим за капење од змиска кожа. Таа ги крена малку рацете над главата, така што нејзината совршена фигура и атрибути дојдоа до израз.

„Да ја поздравиме сезоната на костими за капење“, напиша Елизабет во описот фотографија.

View this post on Instagram

A post shared by Elizabeth Hurley (@elizabethhurley1)


„Најубавата жена на светот“, „Волшебно“, „Жешка како пекол“, „Божествена“, „Оваа жена со годините станува поубава“, „Лудо е колку добро изгледаш“, се дел од коментарите.

Инаку, актерката често на социјалните мрежи споделува провокативни фотографии, најчесто во различни костими за капење. Таа откри дека тоа го прави не само за да ја покаже својата витка линија, туку и од деловни причини.

- Имам своја линија на костими за капење. Во спротивно не би парадирала толку многу во костим за капење – изјави таа во едно интервју.

Извор: 24online.rs