Моден фокус // Коса
(ФОТО) Која боја на коса ќе биде тренд оваа пролет?
Ако имате кафеава или виолетова коса, во текот на следната сезона, освежете ја со розови тонови, советуваат светските фризери.
На самиот крај на зимата, фризерските експерти ги откриваат трендовите за оваа пролет.
Еден од нив ќе биде техниката за фарбање на коса, која се однесува на розовите нијанси кои се поклопуваат со кафеава боја на коса. Но, добро е тоа што оваа боја одговара на сите тенови на кожа и нема потреба од користење на бланш.
Oвој ефект изгледа како розов прелив на косата, поради што таа изгледа многу природно.
Еве неколку фотографии кои ќе ве инспирират да направите промена.