Колинда сензација на трибините во Катар: Погледнете ја оваа дама! ФОТО
Колинда беше снимена на трибините откако на Инстаграм се пофали дека се дружела со мароканските фанови во Доха
Поранешната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ беше стадионот за уште еднаш да ја поддржи хрватската репрезентација во нивната потрага по бронза против Мароко.
Грабар-Китаровиќ овој пат на трибините пристигна во елегантен бел фустан, кој дополнително го надополни впечатлив моден детаљ, поточно ’дијамантскиот’ шал кој го стави на вратот.
Овој пат таа ја врза и косата во препознатливата пунџа, а во рацете гордо го држеше хрватското знаме.
Одлична атмосфера во Souq Waqif пред натпреварот помеѓу Хрватска и Мароко“, напиша таа накратко на Инстаграм.
Ден пред натпреварот, Колинда присуствуваше на моден настан.
За таа прилика облече црвена јакна со голема машна, долги црвени панталони, а во описот на фотографијата напишала дека се работи за дизајн на хрватската модна дизајнерка Кристина Бурја.
Комбинацијата ја комплетираше со марама, ташна и чевли во иста боја.
„Qatar Fashion United by CR Runway, прослава на модата, културата и музиката. Претставувам хрватски дизајн со варијанта на оделото прикажано на хрватскиот павилјон EXPO2020, популарен во Заливот“, напиша Колинда со фотографија која им се допадна на повеќе од 6.000 луѓе.
Позитивните коментари почнаа брзо да се редат.
„Убава претседателка“, „Многу си убава и елегантна“, „Убава“, „Одлична жена, добро ја претставува убавината на својата земја“, „Прекрасна“, „Животот е поубав кога ќе те видам“, „Нашата убава“, напишаа нејзините следбеници.
Инаку, поранешната претседателка многумина ги заинтригирала со модните комбинации кои ги носела додека ги следела натпреварите на хрватската репрезентација.
Таа во Доха заедно со другите навивачи воодушевено ја бодреше репрезентацијата на натпреварот кој го играа со Белгија.
На тој натпревар таа се појави во хрватскиот дрес, а пред тоа цел ден го помина со фановите и ги бодреше . А на натпреварите пред тоа имаше и интересен моден избор.
На мечот меѓу Хрватска и Канада, огнените ги бодреше во националната носија од Посавина во која доминираат белата и црвената боја.
ФОТО: Инстаграм