Колку повеќе обврски, толку поголема енергија: Утринско кафе со Златица Ѓорѓевска

Едно од најомилените работи во текот на денот ми е пиењето кафе.
Денот ми почнува доста рано, во 6 часот наутро јас сум веќе будна и се подготвувам за работа. Со оглед на тоа што работното време ми почнува од 7 часот, првото утринско кафе го пијам со колегите на работа дискутирајки за тековните обврски и правејќи план за тековниот ден.



Најголема мотивација ми е убавото сончево време, среќни и позитивни луѓе околу себе, посебно сега во овие пролетни денови кога природата се буди и се заживува, кога сѐ е толку обоено и весело. Исто така, можеби ќе звучи малку чудно, но голема мотивација ми е зголемениот обем на работните обврски. Колку повеќе обврски толку поголем стремеж да се постигне и заврши се во предвидениот рок, некогаш дури и да се надминеш себеси во вложување на максимален труд и напор за успешно завршување на задачата. Колку повеќе обврски, толку поголема енергија.


Во овој период сега, па и деновите не се којзнае колку различни еден од друг. После завршување со работа практикувам да се видам со пријателите кои оддамна не сум ги видела, да седам во парк или да пешачам.


Денот ми завршува со фамилијата. На крајот од денот сите се собираме дома и едноставно секој го раскажува денот како му поминал.

Книга или филм? Хмм, Па и тоа и тоа. Понекогаш знам да изгледам епизода од серија и да продолжам со читење на книга. Се зависи од тоа како сум расположена и со колкава енергија располагам на крајот од денот.


*Златица Ѓорѓевска - архитект*