Конечно откри на кој начин ја врати совршената линија по породувањето: Богдана Ражнатовиќ никогаш не изгледала подобро

Младата мајка постигнува сѐ и е горда на себе...

Сопругата на Вељко Ражнатовиќ, неколку месеци по породувањето ја доведе линијата до совршенство, поради што често добива прашање за тоа на кој начин го постигнала тоа за краток временски период.

Освен правилниот начин на исхрана и генетика, Богдана со своите следбеници сподели фотографија на која се гледа дека вредно тренира во теретана, што е всушност одговор на веќе поставеното прашање.

Инаку, покрај сите обврски младата мајка успева да замине и на ноќна забава со другарките и сестрата на нејзиниот сопруг, Анастасија Ражнатовиќ.