Кристина се омажила за 33 години постар милионер, имаат 21 билолошко дете и 16 дадилки: Ова е нивната приказна

Само пред една година, Кристина беше мајка на едно дете. Сега има 20, а друго е на пат. Сите тие се нејзини биолошки деца, истакнува таа.

Кристина Озтурк (23) е Русинка која е омажена за грузискиот милионер Галип Озтурк (56). Галип е сопственик на хотел во приморскиот град Батуми, а во моментот двајцата имаат 20 деца, од кои едното Кристина го роди по природен пат. Останатите деца ги добиле преку сурогат мајчинство, што е легално во Грузија, а Кристина вели дека се надева оти ќе има уште неколку десетици деца, исто така со помош на сурогат мајки.

Кристина, по потекло Русинка од Москва, истакнува дека сите потенцијални сурогат мајки поминуваат низ советување и дека сè е правно целосно чисто пред да остане бремена со деца кои имаат генетско потекло од Кристина и Галип.

View this post on Instagram

A post shared by Kristina Ozturk (@batumi_mama)

Инаку, Кристина го запознала Галип кога како млада самохрана мајка која решила да патува во „Лас Вегас на Црното Море“, како што го нарекуваат Батуми. Таму го запознала Галип и тоа било, вели таа, љубов на прв поглед. „Тој е мојот ментор, водич и принц - сè во едно“, вели Кристина, а Галип ги потврдува нејзините зборови.

- Лесно е да се биде со неа, таа секогаш има насмевка на лицето, а во исто време е срамежлива и мистериозна. Тоа е сопругата што отсекогаш сум ја посакувал, дијамант со чисто срце - вели тој за Мирор.

По првиот состанок, работите брзо се развијле и Кристина наскоро ја донесе со себе својата ќерка Вика и се пресели во Батуми. Галип, вели тој, е многу постар од неа и имал и свои возрасни деца пред да се ожени со неа.

Двојката се согласила дека сакаат што повеќе деца, но тие биле амбициозни и брзо сфатиле дека нејзината репродуктивна способност не е доволна за да ги задоволи нивните желби. Затоа се одлучиле за сурогат мајчинство, кое чини околу 8.000 евра по бременост.

- Персоналот на клиниката за сурогат мајчинство е изненаден од нас, но исто така тие се среќни и го поддржуваат нашиот сон за големо семејство. Не сум сигурен дали ќе успееме во намерата да бидеме најголемото семејство во светот, но во секој случај планираме да бидеме најсреќното семејство во светот. Јас сум постојано со децата, ги работам сите работи што обично ги прават мајките. Единствената разлика помеѓу мене и другите мајки е бројот на деца. Секој ден кај нас е различен и никогаш не е досаден. Морам да ги испланирам обврските на дадилката и другиот персонал, а тоа е различно секој ден - вели Кристина.

Кристина има 16 дадилки, а секоја од нив има месечна плата од 500 долари. Нивниот распоред, вели таа, е таков што работат четири дена, а потоа имаат пауза од два дена. Тие живеат во нивната куќа и имаат своја кујна.

- Трошоците во толку големо семејство се огромни. Секоја недела трошиме 20 најголеми пакувања пелени и 53 пакувања формула за деца. Ние трошиме околу 6.000 долари секоја недела на најважни работи за деца. Некогаш малку повеќе, понекогаш малку помалку, но тоа е отприлика таа сума. И покрај тоа што имаме толку многу, секое дете има своја облека, тие не споделуваат ништо, освен понекогаш за фотографирање.

View this post on Instagram

A post shared by Kristina Ozturk (@batumi_mama)

А децата се родени во следниот редослед: Мустафа (14 месеци), Маријам (13 месеци), Ајрин (13 месеци), Алиса (13 месеци), Хасан (една година), Џуди (1), Харпер (11 месеци), Тереза ​​(11 месеци), Хусеин (11 месеци), Ана (10 месеци), Изабела (10 месеци), Исмаил (9 месеци), Мехмед (9 месеци), Ахмед (9 месеци), Али (8 месеци), Кристина ( 8 месеци), Сара (7 месеци), Локман (7 месеци), Галип (6 месеци) и Оливија (4 месеци)

Живеат во вила, а една соба оди за две или најмногу три деца.

- Тие сѐ уште се мали, кога ќе пораснат малку, секој ќе добие своја соба. Засега живееме во куќа на три спрата и планираме или да ја надградиме или да купиме поголема. Во моментов има доволно простор за секого - вели Кристина.

View this post on Instagram

A post shared by Kristina Ozturk (@batumi_mama)



Таа исто така вели дека дава се од себе да се посвети на секое дете, што не е лесно кога има 20 од нив.



- Се обидувам, но моето омилено дете е мојот сопруг - вели Кристина.


Извор: жена.блиц.рс

Фото: Инстаграм