ЛЕБОТ ЗА ЕДНА ГОДИНА ПОСКАПЕ НАД 100 ОТСТО, МАСЛОТО ЗА ЈАДЕЊЕ ЗА 94 ПРОЦЕНТИ..., НО ВЛАДАТА УШТЕ ЖИВЕЕ ВО РОЗОВ КЛИМАТИЗИРАН СВЕТ - Синдикатот не отстапува од барањето за повисоки плати во јавниот сектор

Владата ги остава работниците и граѓаните сами да се снаоѓаат како знаат и умеат во услови на пост-ковид, економска, енергетска и воена криза со која се соочуваат, пишуваат од Сојузот на синдикатите на Македонија во својата најнова објава. 

„Во изминатиот период, Владата нема слух за потребите на нејзините работници и граѓани и наместо со навремени и таргетирани мерки, наместо со зголемување на плата да влијае директно на стандардот на работниците и граѓаните, истата одбива да ги зголеми односно усогласи платите на нејзините вработени и во оваа економска и енергетска криза ги остава на работ на егзистенцијата. Повеќе на Фактор.мк


Фото: unsplash