Лепа Брена во студентските денови била дадилка: Чувала девојче кое денес е популарна пејачка
Се смета за една од најголемите југословенски ѕвезди, а и ден - ден има голема музичка кариера. Меѓутоа, малку се знае за нејзините рани почетоци и сиромаштијата во која живеала.
Од родното Брчко во Белград пристигнала во 1979 година, каде се запишала на студиите за туризам на Природно - математичкиот факултет. Тогаш нејзиното петчлено семејство живеело само од платата на татко ѝ. Работел како медицински техничар, додека мајка ѝ повремено заработувала како кројачка. Тоа на Брена не ѝ било доволно за животот во Белград, па одлучила да се вработи.
На почетокот на студиите, се јавила на огласот на младиот брачен пар Штајдохар на кој му била потребна дадилка. Девојчето кое Брена требало да го чува е Ана Штајдохар. Некогаш беше член на групата Тап 011, а денес е успешна самостојна пејачка.
„На тој период всушно и не се сеќавам многу, бев бебе. Она што го знам е тоа што сум го слушала од родителите. Тогаш Лепа Брена била само Фахрета Јахиќ, престојуваше во станчето кое ѝ го изнајмија моите родители. Работела како дадилка и ме чувала кога немало кој да ме чува. Набрзо нејзината кариера тргна во нагорна линија, а од тој период остана таа симпатична анегдота. Исто така, би можело да се каже дека Брена на некој начин ме предодреди да се занимавам со музика“ - рече Ана во една прилика.
Лепа Брена многу брзо сфати дека не може да опстане во големиот град со мали примања и паралелно да студира, па се врати во родниот крај. Сепак, имала големи амбиции и соништа за да стане пејачка.
Со локалниот бенд во својот град почна да настапува, но изведуваа рок музика и така беше сѐ додека еден ден во Брчко не дојде шоуто Лира. Тие тогаш бараа пејачка и Брена се јави на огласот. Останатото е историја, пишува mondo.rs.