Лесен и ефикасен рецепт: Шампон за брз раст на косата кој може да го направите дома

Добивај вести на Viber

Понудата на шампони за брз раст на коса е одлична, но постои и рецепт кој нема да ве чини многу и е еден од најефикасните меѓу дамите кои се борат со опаѓање на косата и бавен раст.

Состојки:

- 750 мл шампон од коприва

- капки масло од зеленчук

- 100 мл пантенол

- 50 мл рициново масло

- 30 мл капки коприва (може да се најдат во аптека)

Подготовка:

Користете едно литарско шише за подготовка на шампонот. Може да го искористите тоа од шампон од коприва во кое ќе ги додадете состојките. Додајте ги капките, пантенолот, рицинусовото масло и 30 мл капки коприва.

Користете го шампонот за секое миење коса и добро протресете го шампонот пред употреба.

Резултатите се видливи по 20-30 дена од почетокот на употребата. Ако имате сува коса може да ставите помалку пантенол (30-50 мл).