Лесен летен ручек: Полнети домати со пармезан и лук

Добивај вести на Viber

Брзо, едноставно и здраво!

Состојки: 8 домати, сол и бибер, 1 чаша испечен и ситно исецкан леб, 2 чешњиња лук (исецкан), 2 лажици исецкан магдонос, 1 лажици исецкан босилек, 1 лажица мајчина душичка, 50 грама пармезан.

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Со нож исечете ги доматити и со лажица направете им вдлабнатина. Посолете ги и зачинете ги со бибер, а потоа ставете ги во сад за печење. 

Измешајте ги трошките леб, лукот, магдоносот, босилекот, мајчината душица и пармезанот со парчињата домат кои претходно ги извадивте. Дојдате две до три лажици од оваа мешавина во секој домат.

Печете 30 минути, се додека мешавината не добие румена боја, а домат не омекне. Оставете малку да се олади пред да го послужите.