Љубовницата на принцот Алберт за несреќната Шарлин: Сѐ што ѝ се случува е карма

Од неа доживеав работи кои ме вознемирија и шокираа, кажа поранешната стјуардеса.

Повеќемесечната драма околу принцезата Шарлин допре многумина. Моментално се наоѓа во неименувана установа во Швајцарија и точната причина за нејзиното заминување не е познато, а некогашната љубовница на нејзиниот сопруг, Никол Коста сега повторно се огласи за неа.

Имено, поранешната стјуардеса ја прашале за здравствената состојба на сопругата на нејзиниот некогашен љубовник, принцот Алберт, а таа, како што пренесува „Дејли Мејл“, ладнокрвно одговорила: „Не се грижам што се случува со неа. Сѐ што ѝ се случило е карма“.

Поранешната на Алберт ни порано немаше добро мислење за најтажната принцеза.

„Од неа доживеав работи кои ме вознемирија и шокираа. Кога Алберт не беше таму, Шарлин ја премести собата на мојот син во крилото за персоналот. Како мајка, не можам да го сфатам тоа“ - кажа таа во септември. За принцот Алберт зборуваше во суперлатив и го фалеше како одличен татко. Тој наводно побеснел по тие нејзини интервјуа, бидејќи коментарите кои ги искажала за принцезата можеле дополнително да го разнишаат нивниот брак, кој и инаку е на стаклени нозе.

фото: Profimedia

Порачала дека односот им се искомплицирал со доаѓањето на Шарлин во животот на Алберт. Синот на Алберт и Никол Коста, Александрe, во ноември го прослави својот 18 роденден, а фотографиите од прославата на Инстаграм ги сподели неговата полусестра, Јасмин Грејс Грималди, уште едно незаконско дете на Алберт.

Да потсетиме, во август 2003 година, Никол го родила Александре. Принцот, наводно, бил лудо заљубен во неа, а на крајот нивната љубов ја попречил неговиот татко. По смртта на својот татко, Алберт го признал својот син.

фото: Profimedia