Љубовно гнездо каде ужива Петар Грашо: Ѕирнете во домот на Хана Хулиќ (ФОТО)

Домот на Хана Хулиќ, новата девојка на хрватскиот уметник Петар Грашо, зрачи со смиреност и добра енергија, што се забележува дури и на фотографиите кои ќерката на Тончи Хулиќ ги објави на социјалните мрежи. Хана, која чека дете со својот избраник Грашо, го наоѓа потребниот мир во својот дом, бидејќи откривањето на нејзината врска со музичарот беше осудено во јавноста, кога на „Инстаграм“ се појавија различни негативни коментари.


Не се знае дали Грашо живее во нејзиниот дом, или таа го поминува времето со него, но станот на Хана Хулиќ дефинитивно е пример за удобен дом за девојки, во кој фокусот е на доброто расположение и гостопримството.


Она што најмногу привлекува внимание е едноставна просторија, без премногу детали, во која се наоѓа пијано на која ќерката на Тончи Хулиќ создава музика. Бидејќи е веднаш до прозорецот, Хана ужива во секое време од годината, гледајќи ја природата пред куќата додека седи на клавирот.



Останатите соби, барем колку што може да се види на споменатите фотографии од „Инстаграм“, исто така се исполнети со светлина, а пред празниците домот на Хана бил доста луксузно уреден.


Огромна елка и грст украси го краселе станот на новопечената девојка на Петар Грашо, а таа забележала се и го споделила на социјалните мрежи. Исто така, интересно е што Хана има неколку плишани играчки со мотиви на анимирани ликови, а со нив се забавува фотографирајќи ги во разни креативни моменти.


Фото: Инстаграм