„Луѓето НИКОГАШ не умираат, а она што ние го сметаме за СМРТ е всушност нешто друго!“

Дали некој треба да се плаши од смртта? Ако верувате во теориите за девојката со име Џоли Моли, одговорот е - не!

Имено, таа пред неколку дена потсети на теоријата за квантната бесмртност и со тоа привлече големо внимание на Тикток.

Нејзиното видео го погледнаа милиони луѓе, од кои многумина сега се прашуваат дали можеби има нешто во тоа.

- Постојано гледам снимки на кои луѓето зборуваат за доаѓањето на апокалипсата, најавувајќи го крајот на светот. Не судам, но ми се чини дека некои се премногу возбудени поради тоа. Ако се надевате дека апокалипсата ќе ви го донесе тоа слатко олеснување, жал ми е што морам да го дупнам тој балон - изјави таа и продолжи:

- Во тоа име, ќе ви претставам подолу една мала теорија наречена квантна бесмртност. Тоа зборува за фактот дека никој од нас всушност не умира, дека нашата свест не може да доживее смрт. Наместо тоа, секој пат кога ќе умрете во еден универзум, вашата свест само се преместува во друг, паралелен универзум и го продолжува своето патување таму - истакна таа.


Ако теоријата за квантна бесмртност е точна, се што ќе ви се случи после смртта е да се разбудите во паралелен универзум без сеќавање на се‘ што му претходело, вели Моли.

Значи, смртта не постои, но од една реалност, без сеќавање на претходните настани, едно лице се преселува во друга.

Не ми верувате? ДОБРО. Велат дека поминале 65 милиони години откако астероидот наводно ја погодил Земјата и ги збришал диносаурусите. Дали навистина сакате да кажете дека за 65 милиони години ниту еден друг астероид не поминал низ нашето соседство и не не‘ погодил? Навистина мислите дека имаме толку среќа - ги праша Моли своите придружници, а потоа го даде одговорот:

- Не, не е така. Постојано ни се случува нешто апокалиптично, но нашата свест само се движи понатаму и понатаму во други паралелни светови - рече таа, меѓу другото.

Фото: Printscreen/TikTok

Извор: Espreso.rs