Македонката која слободно може да парира на светскиот џет-сет: Стил прва класа

Емили Пишева Гоџирова од Струмица е модна дизајнерка и уметеница кои стои зад македонскиот бренд за висока мода Emili Exclusive Design.

Таа дизајнира елегантни и уникатни креации кои ја слават брилијантната женственост, нагласувајќи ја убавината и силуетата на жените. 

Креациите се изработени од првокласни материјали и со големо внимание посветено на секој еден детаљ. 

Често прави деликатен микс на мода и уметност, а намерата ѝ е да предизвика чувство на среќа кај дамите. 

Таа често ги носи своите креации, а во нив изгледа нерелано убаво. 

И самата е убава, негувана, има одмерени манири и свесна е дека она што го облекува ја одразува нејзината харизма и став. 

Луксузот ѝ прилега и многу вешто знае да го зачини токму со она што го создава, а остава магија која трае...



Фото. Инстаграм