Макети на Старо Скопје изработени од вештите раце на дечињата од градинките „Светот на Колорес“: Изложба во недела во Културно информативен центар
Приватните градинки за деца „Светот на Колорес“ се особено препознатливи по посебниот начин за грижа и едукација на децата
По повод 13-ти ноември, роденденот на град Скопје, дечињата заедно со персоналот од приватните градинки „Светот на Колорес“ вешто изработија макети на старо Скопје.
Изработките се од картон харија и природни материјали како дрво, листови, мов и слично.
- Идејата за изработка на проектот „Слободно Скопје" ја имавме од пред неколку години. Но за жал ситуацијата со короната не спречи. Роденденот на градот Скопје е од голема важност. Најдобар начин да се искаже почит е изработка на макети од знаменитости на нашиот град. Заедно со тимот размислувавме токму за еден ваков настан каде дечињата ќе учествуваат, а притоа ќе имаат можност да се дружат со своите родители и учителки и да покажат за нивниот придонес во проектот. Проектот се подготвуваше месец дена, најпрво дечињата имаа прошетки низ Скопје и визуелно претставување на значајните одбележја на градот, а потоа изработка на истите. За изработка на макетите користевме картон, хартија, дрво и други природни материјали.
Голема чест и задоволство ми е што сме дел од еден ваков настан кој остава белег на новите генерации - вели Билјана Караманолевска, генерален менаџер на детските градинки „Светот на Колорес“.
Може да ја посетите изложбата утре, недела, 13.11.2022 во Културен информативен центар од 10 до 12 часот.