Малиот Матео порасна: Синот на Дарко Илиевски наполни 3 години (ФОТО)

Пејачот Дарко Илиевски откако наеднаш застана на лудиот камен и заплива во брачните води, заедно со сопругата Ивана се пресели и живее во Америка,, на Флорида. 

По неколку години успешен брачен живот, Дарко и неговата сопруга Ивана станаа родители на Матео Ноа.

Матео наполни 3 години, а фотографии од роденденската забава сподели гордиот татко. Заедно со родителите, но и со другарчињата, наследникот на познатиот пејач ги дувна роденденските свеќички. Дека Спајдермен му е од омилен суперхерој, сведочи и роденденската торта, која беше во мотивите на овој анимиран лик.

Инаку, малиот е навистина пресладок, има небесно сини очи кои пленат со убавина. Некои велат дека наликува на тато, а некои на мама.

фото: Принтскрин / Инстаграм