По три години доби државјанство: Пејачот Дарко Илиевски и официјално е Американец

Македонскиот пејач Дарко Илиевски веќе три години како живее и работи во Америка, на Флорида. Тој откако се ожени, го напушти светот на музиката и замина далеку од дома за подобар живот.

Заедно со неговата сопруга Ивана го добија синот Матео, а пејачот се труди често да споделува приватни фотографии од неговото семејство со своите следбеници.

Последните во низата беа од особено значење за него, бидејќи тој вчера по три години доби американско државјнаство. Среќната вест со неколку фотографии ја сподели на својот Фејсбук профил, а објавата ја искористи за да ѝ се заблагодари на својата сопруга, но и нејзините родители , кои многу му помогнале во текот на овие години.

„21.05.2021 е мојот посебен датум! Добив американско државјансво и сега сум официјално маерикански маж. Пред 3 години го започнав своето ново патување, новиот живот од нула. Новиот живот беше измешан со емоции, многу среќни денови и многу завршени задачи. Сакам сета благодарност да ѝ ја дадам на мојата сопруга, затоа што без неа немаше да направам ништо. Ти благодарам што си посебна и што го донесе Матео во нашиот живот, многу ве сакам! Сакам да им кажам благодарам и на диџеј Крејзи Славе и Лилјана Келешоска што ми беа наша најголема поддршка, бидејќи ме третираа како свој син. И сакам да кажам дека ми недостасуваат мајка ми, татко ми, сесра ми и внуко и моите пријатели.... но, се надевам дека наскоро ќе се видиме! На здравје“ - напиша познатиот пејач.