Маргот Роби има што да покаже во бикини: Познатиот колега ја измери од глава до пети пред сопругот (ФОТО)

Фото: printscreen youtube/ 73 Questions With Margot Robbie | Vogue

Маргот Роби е фотографирана на одмор во Шпанија, каде одмара со сопругот и пријателите.

Холивудската актерка Маргот Роби е фотографирана расположена додека се дружи со пријателите на луксузна јахта закотвена во близина на шпанскиот остров Форментера.

Фото: Profimedia

32-годишната Маргот, која ја носи титулата на една од најубавите актерки и ќе ја гледаме во претстојниот филм за Барби, скокна од бродот држејќи се за рака со пријателите меѓу кои беше и Рами Малек, кој беше фатен како ја мери од глава до пети, додека таа уживаше во друштвото на нејзиниот сопруг Том Акерли.

Фото: Profimedia

Австралиската убавица, која го освои Холивуд покажа беспрекорна линија во жолти бикини, но и убаво лице без трошка шминка.

Фото: Profimedia

Во сè, Маргот има голема поддршка од нејзиниот сопруг Том, со кој се омажи во 2016-та година, а денес тие се еден од најжешките парови во Холивуд. 

Извор: dnevnik.hr