Маријана, сестрата на Росана: Под шарени маски со ќерка ѝ во Австралија за да го исплашат вирусот

Сестрите близначки Маријана и Росана се добро познати на нашата јавност. Тие ги испејаа најголемите македонски хитови, а потоа Маријана се пресели во Австралија, таму живее долги години со семејството , а има и внуци.

Во Австралија во моментов е вториот бран на коронавирус. Дел од поголемите градови, посебно Мелбурн каде и живеат, се во целосен карантин по втор пат.

Маријана и ќерката Мадалена целосно се придржуваа до ригорозните мерки, а објавија и фотки на Фејсбук каде се со шарени дизајнирани маски и јакни. Во Австралија моетално е зима.

Маријана под постот напиша:

„Имав многу долга и добра прошетка денес со сите потребни реквизити, избор на толку многу различни бои за да го исплашиме вирусот - Останете безбедни и бидете добри„