Ме нарекуваа со погрдни имиња и ме исмејуваа, а потоа на сите им го покажав телото: Додека била тинејџерка заболела од псоријаза и оттогаш води постојана борба

Девојка која боледува повеќе од шест години од псоријаза одлучи дека повеќе нема да го крие своето тело и на сите им покажа како изгледа денес

На 25-годишната Клер Спургин пред шест години и била дијагностицирана псоријаза, која и го покривала целото тело. На почетокот го покривала своето тело, но потоа решила на сите да им покаже како изгледа болеста со која се справува.

Клер со години ги покривала црвените делови од нејзината кожа од страв дека луѓето ќе покажуваат со прст кон неа. Но, сега на 25-годишна возраст, таа конечно го прифати својот изглед и споделува неверојатни фотографии од своето тело на Инстаграм за да им покаже на другите заболени дека не се сами.

„Ми требаа години да ја прифатам својата кожа и да не ми е непријатно во бикини на плажа. Бев во постојан страв дека некој ќе ме покаже со прст, и ме покажуваа“, вели Клер.

Таа била шокирана од тоа како луѓето отворено ја прашувале „што не е во ред со тебе“, а тоа довело до чувство на непријатност и губење на самодовербата.


На Клер и била дијагностицирана псоријаза во 2017 година - тешка системска автоимуна болест која се препознава по големи промени на кожата. Водечка причина за тоа е генетиката, а болеста е придружена со циклуси на подобрување и влошување.

„Кога добив псоријаза, сè ми се сруши. Имав 19 години, а во тие години физичкиот изглед ви претставува сè. Се сеќавам дека моите врсници ме нарекуваа со погрдни имиња и ми се смееја", открива Клер.

Како предизвикувач на псоријазата, кај Клер биле изгореници од сонце на рамениците.


„Имав изгореници од сонце на рамената и тоа беше предизвикувачот на мојата псоријаза, изгорениците никогаш не зараснаа, рамената многу ми се исушија, а потоа на телото ми се појавија други дамки кои се шират“, објаснува Клер.

Само по една година, лекарите на Клер ѝ ја дале вистинската дијагноза.

„Ги потрошив сите овие пари на креми кои не делуваа и потоа отидов кај дерматолог, кој веднаш рече дека имам псоријаза. Потоа почнав со полесни третмани, но подоцна завршив со светлосна терапија (УВБ зраци)“, вели Клер.


Иако состојбата на нејзината кожа е постојана борба, Клер е решена да не дозволи да ја победи и често објавува фотографии од нејзиното тело на Инстаграм, каде ја следат преку 10.000 луѓе.


Фото: Инстаграм

Мора да ги знаете: 7 совети за здрава и витална кожа во зима