Меган тајно во Њујорк, папараците ја открија причината

Меган Маркл во најголема тајност пристигна во Њујорк, а папараците веднаш ја уловија, па фотографијата од војвотката почна да се споделува и на социјалните мрежи.

Меган носеше црн капут со потпис на Викторија Бекам и сива капа под која се обиде да го сокрие лицето. Како што пишува „Дејли Мејл“, посетата на Њујорк е одлична можност за Маркл да се дружи со старите пријателки.

Една од нив, модната дизајнерка Џесика Мулрони, сношти ѝ организираше забава пред раѓањето на бебето.Тоа е и тајната причината поради која Маркл е во Њујорк. На забавата дошле сите нејзини стари пријателки од времето кога живееше во САД, и ѝ донеле подароци за кралското бебе кое треба да се роди во април. Забавата се одржала во еден од луксузните хотели во „Апер Ист Сајд“. Меган денеска се враќа во Лондон, а во сабота, со принцот Хари службено ќе патува во Мароко.