(МЕНИ) Продолжуваме со Кето предизвик-21 ден без шеќери и јаглехидрати: Што да јадете оваа недела

Добивај вести на Viber

Кето диетата доби голема популарност затоа што е лесно да се следат правилата на оваа исхрана: богата е со масти, сиромашна со јаглехидрати и шеќер.

Дојдовме до втората недела од предизвикот наречен Кето диета или 21 ден без јаглехидрати и шеќер.

Наши искуства: Имавме криза на третиот ден од диетата. Не ни недостигаше шеќер, но затоа страшно ни се јадеше леб, ориз и компири. Сепак, ние бевме упорни и сега сме подготвени да влеземе во втората рунда на оваа диета.

Еве што да јадете во следните 7 дена:

Понеделник

Појадок: 2 варени јајца, парче фета сирење и зелена салата.

Ручек: 1 печена пастрмка и варена брокула.

Вечера: Салата од рендан целер измешана со урда.

Вторник:

Појадок: туна, зелена салата.

Ручек: Печени пиперки и парче варено говедско месо.

Вечера: Салата од рендано цвекло, моркови и јаболки.

Среда:

Појадок: Кајгана и спанаќ.

Ручек: Супа од домати (кромид, целер, морков, домат) и парче сирење

Вечера: пилешка салата.

Четврток:

Појадок: Кето леб со плескавица (леб: 3 јајца, малку урда, малку сол, малку прашок за пециво. Изматете и печете на 180 степени. Испржете ја плескавицата па ставете ја во лебот)

Ручек: Салата од сланина, малку брокула, сусам и сирење.

Вечера: Супа од зеленчук.

Петок:

Појадок: грчка салата.

Ручек: Пилешки гради и зеленчук по желба.

Вечера: Печени пиперки со маслиново масло направени со сирење.

Сабота:

Појадок: 2 варени јајца, малку сирење и сланина.

Ручек: Печени рибини филети и салата од зелка.

Вечера: Цезар салата.

Недела:

Појадок: Омлет со печурки.

Ручек: Чорба од говедско месо и печурки, салата по ваш избор.

Вечера: Бројсов сок.


Првиот дел од Кето диетата односно целото Мени , може да го прочитате подолу:

(МЕНИ) Започнуваме Кето предизвик - 21 ден без шеќери и јаглехидрати: Што да јадете оваа недела


    Foto: Shutterstock

    извор: stil.kurir.rs