(МЕНИ) Започнуваме Кето предизвик - 21 ден без шеќери и јаглехидрати: Што да јадете оваа недела

Добивај вести на Viber

фото:Shutterstock

Кето диетата е позната по подобрување на општото здравје, го намалува шеќерот во крвта, го чисти организмот, го зајакнува имунитетот.

Денес, првиот ден од февруари, го започнуваме предизвикот Кето. 
Ви предлагаме што да јадете првата недела од оваа диета:

1 ден (1 февруари)

Појадок: Кајгана од 3 јајца и 50 грама препечена сланина. Свежа салата од пиперка.

Ручек: Цезар салата (пржете пилешко филе на малку масло и исечете го на парчиња. Во садот додадете домат, зелена салата, малку спанаќ, пиперка, месо, сол и бибер и малку грчки јогурт).

Вечера: Бифтек со салата од свеж зеленчук (може рукола, зелка)

2 ден (2 февруари)

Појадок: Омлет со спанаќ (200 грама спанаќ и 4 јајца)

Ручек: Салата со туна (или сардини - поздрава варијанта), марула, рукола, свежи пиперки, домати, малку сирење и малку туна. Неколку зелени маслинки.

Вечера: Свински бифтек со свеж зеленчук по желба.

3 ден (3 февруари)

Појадок: кето леб со варени јајца (кето леб: 3 јајца, 100 грама сирење, 1 лажичка прашок за пециво, малку сол. Изматете белки, додадете жолчка и крем сирење и прашок за пециво и печете на 180 степени).

Ручек: Салата со авокадо, спанаќ, ореви, 50 грама фета сирење.

Вечера: Печен ослиќ со зеленчук 

4 ден (4 февруари)

Појадок: Туна со зелена салата.

Ручек: Бифтек од говедско месо добро испечен со зеленчук по желба (најдобро тиквички на скара)

Вечера: Ќофтиња, сирење и зеленчук по желба.

5 ден (5 февруари)

Појадок: пржени јајца со печурки

Ручек: Бургер со салса, сос од гвакамоле и сирење.

Вечера: Бела риба и зеленчук по желба.

6 ден (6 февруари)

Појадок: грчки јогурт со стевиа и какао и малку мелени бадеми.

Ручек: Пилешка салата со маслинки и сирење.

Вечера: 200 грама посно сирење (урда), 1 млад кромид, сол, бибер.

7 ден (7 февруари)

Појадок: Мафини со брашно од бадем, малку прашок за пециво, јајца и шунка.

Ручек: салата од туна (зеленчук по желба, туна, јајце, кромид)

Вечера: Печени пиперки и 200 грама урда.

Ако чувствувате глад, можете да земете закуска во форма на: неколку ореви; 1 бар црно чоколадо (90% какао); јагоди или боровинки; или дел од претходниот оброк.

Целта е да се елиминираат брашното, јаглени хидрати, шеќери и да се доведе телото во кетоза од исхраната. Кога телото е во кетоза, тоа ќе има повеќе енергија затоа што телото ќе ги користи вашите масти како гориво.

Бидете во тек, следниот понеделник ви донесуваме нови рецепти за втората недела од февруари, од диетата Кето.

извор:stil.kurir.rs


Може да ве интересира:

-(ФОТО) Актерката која беше киднапирана, тежеше 105кг: Која е тајната на Ребел Вилсон?
-Д-р Ума Наидо од Харвард тврди: Постои храна што може да ги ублажи стресот и вознемиреноста