Д-р Ума Наидо од Харвард тврди: Постои храна што може да ги ублажи стресот и вознемиреноста
фото: Shutterstock
Ако сте под стрес и се чувствувате вознемирени, оваа храна може да ви помогне!Поради ситуацијата околу пандемијата, психолозите и психијатрите посочуваат дека стресот кај многумина расте, па експертите советуваат каква храна можете да консумирате за да го ублажите тоа.
Психијатарот Ума Наидо со години ја набљудува врската помеѓу храната што ја консумираме и расположението. Таа заклучи, а нутриционистите се согласуваат дека храната богата со витамини Ц, Д, Б1 и Б6 има корисен ефект врз нервниот систем.
Препорачливо е да ги вклучите овие 5 видови храна во вашата исхрана за да се ослободите од стрес и вознемиреност:
1. Темно чоколадо
Темното чоколадо е богато со калао флавоноиди кои ги намалуваат воспалителните процеси и им овозможуваат на оксидантите побрзо да патуваат до мозокот. Истражувањата покажаа дека црното чоколадо е ефикасно во борбата против стресот кај жените - вели таа.
Исто така, чоколадото е богато со хормон на среќа, серотонин.
2. Куркума
„Активната состојка во куркумата, куркумин, ја намалува вознемиреноста, а позитивниот ефект на куркуминот е потврден од многу студии“, вели др. Ума.
3. Храна богата со витамин Д.
„Истражувањата покажаа дека скоро сите луѓе кои страдаат од депресија имаат недостаток на витамин Д, затоа е потребно организмот да го обезбеди овој витамин. Најдобар извор е сонцето, а во зимските месеци овој витамин може да се компензира преку храна како што се печурки, сок од портокал, јогурт и полномасно млеко, житарици и туна.
4. Храна богата со растителни влакна
Храната богата со растителни влакна обезбедува чувство на ситост, што спречува прејадување, а истовремено овозможува добро варење. Покрај тоа, откриено е дека го намалува ризикот од депресија, стрес и вознемиреност.
Зеленчукот е природно богат со растителни влакна, а крушите, јаболката, бадемите, оревите и леќата се исто така добар избор.
5. Ферментирана храна
Ферментирана храна како кисела зелка е одличен извор на бактерии кои го подобруваат здравјето на дигестивниот систем, но исто така ја намалуваат напнатоста. Една студија од 2015 година, во која учествуваа 710 испитаници, го утврди овој позитивен ефект врз нервниот систем.
извор:stil.kurir.rs
*Никол Кидман со години е верна на диетата 80:20 - Килограмите се топат, а можете да јадете сè
*Диета за жени над 35-та година: Список на правила за исхрана во зрелите години