Никол Кидман со години е верна на диетата 80:20 - Килограмите се топат, а можете да јадете сè

Добивај вести на Viber

Килограмите се топат, а можеме да јадеме сè.

Холивудската дива Никол Кидман го прослави 53-от роденден оваа лето, а благодарение на младешкиот изглед и завидно витката линија, малкумина ќе претпоставеа дека на нејзината торта има толку многу свеќи.

Познатата австралиска актерка, родена на Хаваи, својата беспрекорна фигура, како што вели, им ја должи на гените, но и на дисциплината. Имено, Никол е верна на својот специфичен план на исхрана со години.
Тој е режим наречен 80:20 според кој слабеете јадејќи четири здрави и еден нездрав оброк на ден

Како што истакнуваат следбениците на оваа диета, тоа е одлична диета за губење на вишок килограми без гладување, нервоза и ограничувања. Правилото на оваа диета е само едно: 80 проценти од дневниот внес на храна мора да биде здрава и „чиста“, додека 20 проценти од храната може да биде нездрава, што ќе ја задоволи желбата за некои, инаку забранети јадења. 

Многумина на почетокот ќе помислат дека ова е комплициран режим, но пресметката е всушност едноставна. Сепак, не е само и до диетата, Никол Кидман трча редовно, а во последно време често вежба јога и вози велосипед во мирување.

извор:srbijadanas.com