(ФОТО) Актерката која беше киднапирана, тежеше 105кг: Која е тајната на Ребел Вилсон?

Добивај вести на Viber

Актерката Ребел Вилсон деновиве актуелна по веста дека била киднапирана во Африка, пред да се преполови, тежеше 105 килограми, а нејзините фотографии на Инстаграм докажуваат дека сега е далеку послаба.

Имено таа била мета на киднапери и доживеала страшно искуство со своите пријателки, но за среќа сè се завршило за само една вечер и нема повредени. 

Инаку според магазинот Пипл, нејзината трансформација се должи на Мејр Метод диетата, а нејзниот личен тренер откри дека вежба шест пати неделно и често пешачи, неодамна сподели нов интензивен тренинг во својата рутина: фрлање гуми. Нејзината рутина вклучува и спринтови по скали. Се чини дека таа е обожавател на тренинг со голем интензитет.


- Дури и ако се чувствувате како да има многу до целта, продолжете и ќе се исплати на крајот. Обидувајте се барем по малку секој ден- напиша таа на својот профил на Инстаграм.

Актерката истотака откри дека си поставила амбициозна цел, односно во наредните месеци бројката на вагата да покаже помалку од 75 килограми.