Мини здолниште и разголен труднички стомак: Софија Мило по примерот на Ријана

Познатата манекенка Софија Милошевиќ (Софија Мило) наскоро ќе се породи и ќе го роди своето второ дете.

Софија сподели фотографии на кои таа е во 9-от месец од бременост, а со комбинацијата на облека го истакна нејзиниот голем стомак.

Ова нејзино издание потсети на стајлинзите кои славната пејачка Ријана ги носи за време на бременоста.


Коментарите „навалија“ под објавата: „Убава си“, „Ох, како изгледаш“, „Секој дел кукла“, се дел од пораките што Софија ги доби под овие фотографии.


Фото: Инстаграм - Софија Мило

(ФОТО) Оаза на мир и удобност: Софија Милошевиќ покажа дел од луксузниот дом во Шпанија