Мислев дека времето лечи сè, не е вистина: Елена Ристеска емотивно за роденденот на починатиот татко

„Зошто најдобрите души порано си заминуваат? “

 Загубата на родител е дефитивно најтешката ситуација во животот на еден човек. 
Пејачката Елена Ристеска пред неколку години се соочи со загуба на нејзиниот татко и сè уште не може да ја надмине таа болка, а често знае да сподели нешто во негов спомен.

Вчера имаше уште една таква објава, во која му го честиташе роденденот на татка си, со семејна фотографија од младоста и емотивни зборови, Елена призна дека ништо во нејзиниот живот не е исто без него и дека бескрајно ѝ фали.

„Секој 14-ти ми е сè потешко , иако мислев дека време лечи сè, не е вистина. Само се зголемува болката поради твоето отсуство. Секој момент те мислам. Секој ден се прашувам зошто баш ти? Зошто најдобрите души порано си заминуваат? Бог го има одговорот, јас само знам дека никогаш ништо во мојот живот не е веќе исто без тебе. Ни радост, ни тага. Ни успех, ни пораз. Бескрајно ми фалиш тато, ќе славевме твој 70ти роденден денес“

View this post on Instagram

A post shared by ELENA RISTESKA ERA (@elenaristeska_era)



Поврзано:

Сестра ми имаше ризична бременост, внука ми се роди во 7 месец: Елена Ристеска со солзи во очите