Мистеријата е решена: Еве како најлесно да здиплите чаршаф со ластик - исто како од продавница! (ВИДЕО)

За да имате ред во плакарот, а не истуткани чаршафи, применете го овој начин на диплење 

Нема сомнеж дека чаршафите со ластик се многу практичен изум. Меѓутоа, ако не знаете како правилно да ги распоредите, тие можат да заземат многу простор во плакарот и да изгледаат неуредно.

Поради нивните „заоблени“ агли, не се вклопуваат стандардно, како некои други чаршафи, но не е нешто комплицирано и има дури два начина.

Вие само треба да ги следите следните инструкции.

1. Најпрво преклопете го чаршафот на половина, а потоа аглите „напикајте“ ги во другите два агли, па преклопете го на половина, па повторно на половина. Ќе ви остане еден „заоблен“ агол, но остатокот ќе биде исправен.

2. Вториот начин е можеби подобар. Започнувате какво со првиот, со превиткување на чаршафот на половина и „набивање“ на краевите.

Потоа, превиткајте го долниот (рамниот) дел, како и левата и десната страна. Потоа повторно свиткајте по должина, па одоздола, во квадрат.


Знаеме дека во овој случај сликата е подобра од зборовите, па затоа погледнете го видеото и видите што всушност треба да направите.

Извор: informer.rs