„ММ слатка маса“ - слатка мала семејна приказна која се ткае рачно: Уникатни хартиени подароци со кои ќе заблескате во полн сјај

Секоја желба и замисла за торта тие ја претвараат во реалност – „ММ слатка маса“ е една преслатка приказна која се ткае рачно и со многу љубов, а секој финален производ го надминува оној претходниот.

Денот на вљубените е пред прагот, па доколку сè уште се двоумите како да го изненадите вашиот партнер/партнерка, „ММ слатка маса“ ги има најуникатните и најпосебни рачни изработки специјално создадени за вас. 

Сигурно веќе знаете за хартиените рачно изработени торти од „ММ слатка маса“, кои се полнат внатре со разни благи, колачи и други готови производи и откако ќе се изедат, тортата се зачувува целосно и станува дел од играчките или декорот од домот.

 


Сега „ММ слатка маса“, покрај тоа што ја прошируваат палетата на производи кои ги нудат, отвораат и нов продажен салон на ул.Васил Ѓорѓов бр.28/2 лок.10, за да бидат поблиску до клиентите и да можат во детали да ги запознаат со нивниот процес на изработка, и тие да можат од прва рака да ги видат прекрасните изработки кои никого до сега не оставиле рамнодушен.




Па, покрај харитиени торти за родендени и прослави, почнуваат со изработка на хартиени торти за домашни миленичиња кои ќе бидат полни со храна за нив или пак празни за да може сопственикот да си ги наполни по желба, потоа хартиени украсни кутии за секоја пригода, од кои особено актуелни се сега срцињата за Валентајн, а пополека почнуваат да ги приготвуваат и уникатните изработки за 8-ми Март. 


Потоа тука се и мали хартиени торти (кутивчиња за поклон) со лик по желба кои служат за вметнување на пари и се прекрасни за подарок покрај парите. Овие торти (најголем дел од нив) ќе бидат достапни цело време во новиот продажниот салон и ќе можат да се земат и непосредно пред да се оди на свеченоста за која ви се потребни.

Желбата за да го посетите „ММ слатка маса“, станува уште поголема кога ќе дознаете како настанала оваа слатка мала семејна приказна, бидејќи на многумина не им е јасно како се изведуваат овие торти од хартија и како воопшто дошле на идеја.

View this post on Instagram

A post shared by mmslatkamasa____ (@mmslatkamasa____)


- Денес многу често слушаме дека малите бизниси потекнуваат од некоја идеја која сосем случајно поминала низ умот на сопственикот, но за нашиот бизнис се клучни два многу спонтани моменти. Едниот момент е поврзан со првиот роденден на нашата ќерка, кога решивме целата декорација да биде изработена од нас. Сакавме да биде уникатно и направивме одлична декорација, заедно со маса на склопување, која имаше кровче и тркала. Темата беше „ice cream truck“. По завршување на роденденот добивме безброј прашања за декорациите и кога на сите им дадовме одговор дека се е наше, разговорот завршуваше со „Ќе ми ја позајмите масата и ќе декорирате нешто минијатурно, ќе си платиме". Кога ова мислење ќе дојде од повеќе лица, различни профили на луѓе, човек вреди да се размисли. После два месеци од роденденот со сопругот решивме дека ќе се обидеме и почнавме од идејата да ја изнајмуваме нашата маса. Оттука и името „ММ слатка маса". Вториот момент е поврзан со помош околу изработка на хартиена торта за син на моја колешка. Сликата од таа торта не донесе денес во ситуација да имаме уникатни торти од хартија, за кои голем дел од луѓето мислат дека се за јадење. Од денешна гледна точна она што во моментов е главен производ и по што сме најмногу препознатливи помеѓу клиентите се токму „хартиените торти“ преку кои ги исполнуваме желбите на славениците. На многу луѓе сеуште не им е јасно како може вака да изгледаат торти од хартија, но ние со секоја изработка се трудиме да бидеме се подобри и подобри. Не само за родендени, хартиените торти полека но сигурно ги „сервираме“ за секоја пригода и за секоја возраст.