Многумина мислат дека љубомората е показател за љубов: Јелена Томашевиќ откри како стојат работите во нејзиниот брак
Пејачката Јелена Томашевиќ е една од најубавите пејачки, додека нејзиниот сопруг Иван Босиљчиќ е познат актер и миленик на жените, па многумина би чувствувале љубомора на нивно место. Меѓутоа, тоа не е случај со нив.
Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ неодамна ја прославија десетгодишнината од бракот, во кој ја добија ќерката Нина, како круна на нивната љубов.
Славниот пар е еден од најсреќните на јавната сцена, а дел од нивната тајна за среќа е што во бракот нема место за љубомора.
- Бракот е духовен подвиг и заеднички раст. Сопружниците растат како луѓе и како емотивни партнери. Имавме среќа да се сретнеме на време и да сфатиме дека сме еден за друг - неодамна изјави Јелена за „Прва“.
Иако Јелена и Иван честопати се разделуваат поради природата на нивната работа, а актерот работи многу во далечната Русија, тие секогаш се поддржуваат едни со други.
- Мислам дека љубомората е негативна емоција, иако многумина мислат дека е показател за љубов, но кога сакаш некого, треба да му дозволиш да ги живее своите соништа, живот и работа. Имам среќа што Иван ме поддржува и што имам слобода да го правам тоа, затоа сум среќна кога станува збор за неговите успеси - истакна пејачката.
извор:GLOSSY