Моден трик во кој се колне Риз Витерспун: Парче облека кое треба да го има секоја жена

Добивај вести на Viber

Тајната е во само едно парче облека...

Без оглед на тоа дали носи елегантен фустан или лежерен стајлинг, актерката Риз Витерспун, секогаш изгледа феноменално. Со години нејзиниот стил само напредува, а таа открива кој стилски трик секогаш и помага да има совршен стајлинг.

Омиленото парче во кое таа се колне и тврди дека може да и го надолни секој стајлинг е тексас јакната. Овој модел на јакна е неизбежен во нејзиниот плакар. 

Во неа нема да ви биде ниту премногу топло, ниту премногу ладно. Може да се носи цела година, а совршено се вклопува во секоја комбинација. „Кога не сум задоволна со стајлингот, само облекувам тексас јакна и веднаш изгледам многу подобро“.

Во комбинација со „скини“ фармерки и чевли со висока потпетица изгледа совршено. Исто така, одлично изгледа и во комбинација со лелеав фустан.

„Кога одам во прошетка, омилена комбинација ми се хеланки, класична маичка и секако тексас јакната.“

View this post on Instagram

A post shared by Reese Witherspoon (@reesewitherspoon) on


„Ова е парче во кое треба да се вложат пари, бидејќи ќе го носите многу пати. Дефинитивно мора да го има секоја жена. Тексас јакната е модно парче од кое никогаш не би се откажала“ - вели таа.

Моден трик кој е потребен на сите дами