Моќна молитва на индиски свештеник: Не чекајте старост да го сфатите ова!

Немојте ова да го сфатите дури кога остарите - Моќна молитва која може да ви го промени животот...

За да не го потрошите животот залудно обидувајќи се да го промените целиот свет, со задоволство прегрнете ја оваа мудра молитва од приказната на Антони де Мела, индиски свештеник, језуит, психотерапевт и духовен учител.

Суфи Бајазид го кажал ова за себе: „Бев револуционер во младоста и сите мои молитви упатени кон Бог беа: „Господе, дај ми сила да го променам светот“.

Како што доаѓав до средните години и сфатив дека половина од мојот живот поминал, а јас не сум променил ниту една единствена душа, ја променив молтвата во: „Господе, дај ми милост да ги променам сите оние кои доаѓаат во контакт со мене. Само моето семејство и пријатели и ќе бидам задоволен“.

Сега кога остарев и деновите ми се одброени, единствената молитва ми е: „Господе, дај ми милост да се променам“.

Да се молев за тоа од самиот почеток, немаше да си го потрошам животот залудно.


Фото: pixabay