МРТ се оградува од однесувањето на Андреа: Се разгледува можноста за нејзино повлекување од Евровизија

Откако како молња низ медиумите се рашири веста за скандалозното однесување на нашата претставничка на овогодинешната Евровизија, Андреа - која при фотографирање во Торино го фрли македонското знаме на земја, се огласија од јавниот сервис. Тие го осудија како што велат во соопштението, скандалозното однесување на Коевска и дека се разгледува можноста за нејзино отстранување од изборот за Песна на Евровизија за 2022.

Целото соопштение ви го пренесуваме во целост: 

„ Осуда за скандалозното однесување на нашата евровизиска претставничка
Јавниот сервис на ниту еден начин не стои зад ваквото скандалозно однесување на нашата евровизиска претставничка, која со тој гест покажа непочитување кон националното обележје, што е казниво со закон...
Македонската Радио Телевизија најостро го осудува потегот на нашата претставничка на „Песна за Евровизија 2022“, Андреа Коевска којашто за време на фотографирањето во Торино го фрли на земја државното знаме.
Јавниот сервис на ниту еден начин не стои зад ваквото скандалозно однесување на нашата евровизиска претставничка, која со тој гест покажа непочитување кон националното обележје, што е казниво со закон.
МРТ очекува од Андреа да им се извини на граѓаните за ваквото однесување. Јавниот сервис  ја разгледува можноста за нејзино повлекување од Евровизија, иако ќе се води сметка да не се предизвика поголема штета по МРТ.
Против одговорните во македонската делегација ќе бидат преземени сите законски можности за најстрого санкционирање за овој скандал.


Фото: Фејсбук