Музичарот Орце од „Арија“ од Холандија дојде во Скопје, сопругата Билјана е вистинска убавица

Музичарот Орце Димитровски кој беше вокал и гитарист на групата „Арија“, сношти со сопругата Билјана дојде на манифестацијата „Златна Бубамара на популарноста“.

Димитровски веќе седум години живеат во Холандија, а Орце сега се занимава со сосема друга професија поврзана со ИТ секторот.
 -Дојдовме во Скопје на мал одмор, за да се видиме со блиските, и веднаш по „Бубамара“, се враќаме назад во Амстердам, затоа што на ќерката ѝ завршува пролетниот распуст. Наскоро, за Женски магзин ќе ја раскажеме нашата македонско- холандска приказна“, ни изјавија Билјана и Орце. 

Сопругата на Орце изгледа како модел и е вистинска убавица, а инаку, таа е магистер по економски науки. 

Димитровски имаат две ќерки, Бјанка (10) и Каја (3) кои се центар на нивниот свет. 

(М.Џ.)
Фото: В.Тануровски

Сашко Коцев: Ова е последната „Златна Бубамара на популарноста“ што ја водам (ГАЛЕРИЈА)