Музичарот откри дека во детството бил злоставуван: Мајка му дознала откако ја објавил песната посветена на силувачот (ВИДЕО)

Кажа дека го „допрел дното“ и дека во 2019 години, откако разговарал со психолог, физички се чувствувал лошо...

Фронтменот на британскиот бенд „Mumford & Sons“, Маркус Мамфорд откри дека бил сексуално злоставуван кога имал шест години.

Мамфорд за ова морничаво искуство проговори во интервјуто за магазинот „GQ“.

Кажа дека го „допрел дното“ и дека во 2019 година, откако разговорал со психолог, физички се чувствувал лошо, додека зборувал за тоа што го преживеал додека бил дете.

„Како и многу други возрасни луѓе, само што почнувам да учам како јавно да зборувам за тоа дека сум бил сексуално злоставуван. Тоа не го направи моето семејство, ниту црквата“ - кажа Маркус.

За злоставувањето молчел 30 години, но одлучи да ја си отвори душата во песната „Cannibal“.

„Уште можам да те почувствувам и го мразам тоа. Знаеше дека дете тоа не би можело да го избере. Го зема првиот „залак“ од мене и ме „изеде сиров“. Ме искина со заби. Ти си животно“ - гласи еден од стиховите.


Пејачот не наведе кој го злоставувал. Неговата мајка дознала што се случило дури пред три недели, односно откако споменатата песна била објавена.