,

Најбрз начин на фенирање во домашни услови

Добивај вести на Viber

Сите сакаме да можеме за што пократко време да направиме и да имаме одличен стајлинг и средена фризура. Секако дека наједноставниот начин тоа да го постигнеме е кога таа задача би ја препуштиле на професионалец. Меѓутоа, секогаш не сме во можност да посетиме фризерски салон, како што впрочем налага и моменталната ситуација, па затоа средувањето на косата мора да го направиме во домашни услови.

Меѓу бројните модели на професионални четки за фенирање од брендот Oliva Garden, денес ќе ви го претставиме моделотна четки Ceramic Ion. Овие четки ќе ви помогнат со неколку едноставни чекори да дојдете до посакуваниот стајлинг дури и кога тоа треба да го направите сами.

Четките Ceramic Ion се креирани да понудат едноставно користење, поголема удобност при ракувањето и врвни резултати, па затоа при нивното дизајнирање посебно внимание е посветено на секој детаљ и секој составен елемент.

Пред сé, мора да се нагласи дека рачката на четката игра многу важна улога кога станува збор за добра контрола и безбедно ракување со било која  четка. Рачките на Ceramic Ion четките имаат ергономска форма која што овозможува лесно и подолго користење на четката без појава на болки во зглобот или раката. Четката не треба да се лизга за време на фенирањето и треба совршено да се вклопи во раката. Затоа кај Olivia Garden Ceramic Ion  четките за фенирање рачката е направена од нелизгачки материјал кој што обезбедува максимална удобност и безбедност.

Втората многу важна работа е самиот цилиндер. Тој мора да е солидно прицврстен и монтиран на самата рачка за да се избегне несакано оштетување и уништување на целата четка.


Таков е и керамичкиот цилиндер кај Olivia Garden четките за фенирање. Тој овозможува рамномерно распределување на топлиот воздух по целата негова должина, додека пак отворите на површината обезбедуваат подобар проток на загреаниот воздух што резултира со побрзо сушење и обликување на влакната на косата. 

Најважната компонента кај една четка за фенирање секако се влакната, односно игличките на цилиндерот. Тие се во директен контакт со косата и доколку се направени од материјал со слаб квалитет може да предизвикаат статички електрицитет, оштетување на кутикулата на влакното, кинење и заплеткување на косата, што на крај дава резултат на сува, дехидрирана и наелектризирана коса.

Olivia Garden Ceramic Ion четките за коса имаат анти-статички, јонизирани пластични иглички кои спречуваат полнење на косата со електрична енергија, па косата во текот на фенирањето не се разлетува и не се електризира. Игличките се нежни и прилагодени за секој тип на коса, ја чуваат кутикулата на влакното затворена и измазнета со што придонесуваат кон одржување на природната хидратација на косата. Крајниот резултат е здрава, мазна и сјајна коса.

Oliva Garden професионалните четки сега достапни за сите потрошувачи и може лесно да се нарачаат на www.frizura.m HYPERLINK "http://www.frizura.mk/"k