Најдобри и најмеки: Рецепт за совршени палачинки со крем

Добивај вести на Viber

Оние кои веќе ги пробале овие палачинки се воодушевени и го бараат рецептот за самите да ги подготват. 

Состојки: 

- 300 мл минерална вода 

- 200 мл млеко 

- една лажичка масло

- 2 јајца 

- 250 грама брашно 

- малку сол масло за пржење 

- крем „Нутини“

Подготовка:

Прво измешајте ги јајцата, солта, водата, млекото, а потоа по малку додавајте од брашното. Измешајте убаво за да нема грутки, туку смесата да биде мазна и оставете да отстои така неколку минути. 

Потоа пржете ги палачинките на загреана тава во која сте ставиле само капка масло. Дебелината на палачинката ќе зависи од вас.

На крај намачкајте од највкусниот „Нутини“ крем, здрав македонски производ без конзерванси, без глутен и без палмина маст. Додадете коцки банана или овошје по ваш избор и уживајте во десертот.