Најлошиот фотошоп гаф што сте го виделе - нереална половина, закосен ѕид: Клои Кардашијан повторно мета на потсмев (ФОТО)

Она што го направи овојпат е навистина сосема нереално!

Клои Кардашијан повторно беше мета на осуда по објавувањето на последната фотографија, која очигледно ја фотошопирала, но баш и не ѝ успеало.

Клои Кардашијан повторно се најде на мета на критики и потсмев по нејзината последна објава на Инстаграм.

Клои објави фотографија на која се потпира на фотелја и во фокус е нејзиниот задник, но следбениците брзо забележаа дека најомразената припадничка на кланот Кардашијан навистина ја истенчува половината со фотошоп, а нејзината објава доби поинакв тек.

Самата сфатила дека фотошопот тргнал наопаку кога видела дека половината и рацете и се неверојатно тенки и дека ѕидот зад неа е малку закосен, па Клои брзо ја избриша фотографијата од Инстаграм.

Сепак, познато е дека сè останува во длабочините на интернетот, па не требаше многу време фотографијата да се прошири на социјалните мрежи и да собере разни коментари за неа.

Ова не е прв пат Клои да згреши со фотошоп, но неуспесите на фотографиите се паметат помалку од нејзината животна ситуација, која со години ја трпи со партнерот Тристан Томпсон.

Клои и Тристан се заедно со години, а тој и заби нож во грб кога ја изневерувал кога таа била бремена. Клои дознала за измамата во породилиштето кога требало да се роди нивната прва ќерка Тру, а Тристан ја повторил измамата неколку пати.

И токму кога на јавноста ѝ даде надеж дека ќе го напушти Тристан, Клои постојано му се враќаше, а летово ја шокираше јавноста кога објави дека го очекува своето второ дете со Тристан преку сурогат мајка.

На почетокот на август се роди нивното мало синче чие име се уште не го откриваат, а малиот остана во сенка на врската на неговите родители кои со години ја одржуваат врската.

извор:showbuzz.dnevnik