Најнеобичните македонски суеверија за кои сите знаеме: Не пијте ладно кафе, еве што може да ве снајде

Бабите честопати не предупредуваат на вакви работи ...

Суеверието е составен дел на секоја култура. Иако понекогаш постои страв во нас, убаво е да ги негуваме како спомен на одамна заборавениот начин на размислување на нашите предци, без разлика дали верувате во нив или не.

Дури и денес, многумина веруваат дека кршењето огледало или отворањето чадор во затворен простор може да донесе несреќа.

Иако некои од овие суеверија се од други нации, македонската култура и традиција негува многу верувања.

Некои од нив се создадени од едукативни причини. Постојат многу „правила“ на кои не научиле нашите мајки и баби, за тоа што можеме и што не можеме да правиме. Честопати како деца не ни знаевме зошто некои од овие правила се важни.

На пример, се верува дека оној што пее на маса ќе се ожени со „луда“ девојка, или жената ќе се омажи за „лудо“ момче.

Бабите ги предупредуваа своите внуци да не го лижат ножот, бидејќи нивните коњи ќе бегаат. Сепак, ова верување е доста застарено.

Исто така, некои семејства веруваат дека ако лебот се остави наопаку, ќе започне кавга во куќата.

Веројатно секоја девојка го знае суеверието дека ако седне на маса во ќошот, никогаш нема да се омажи. Мажите, пак, мораат брзо да пијат кафе, бидејќи кој пие ладно кафе, ќе се плаши од својата сопруга.

Друго правило на масата е дека не смееме да собираме трошки со рацете кон себе, бидејќи на нашата венчавка ќе врне.

Најчесто, кога некој ќе започне да извршува важна работа, се излева вода после него кога ќе ја напушти куќата, така што сè ќе оди глатко и лесно, исто како што тече водата.

Се верува дека кога ќе ја напуштите куќата и сфатите дека сте заборавиле нешто, не треба да се враќате назад и да го преминувате прагот, затоа што ќе ве следи несреќа на патот.

Извор: телеграф.рс