Најсекси спортистка на светот: Милиони ја следат, се слика со Нејмар, а сите воздивнуваат кога ќе се појави на патеката (ФОТО)

Младата Германка нема врвни резултати, но секако ужива во животот

Алика Шмит е убава атлетичарка од Германија која се натпреварува во спринтерски дисциплини, но со својот изглед дефинитивно го привлече вниманието на јавноста.


23-годишната девојка постојано е прогласувана за „најсекси“ спортистка на светот.

Таа не го прифаќа тоа и вели дека спортот ѝ е приоритет број еден, но не е тешко да се разбере зошто освоила ваква титула.


Покрај во спринтерски дисциплини, 200 и 400 метри и 400 метри со пречки, таа се натпреварува и на 800 метри, но и во штафета 4х400 метри. Беше репрезентативка на Германија на Олимписките игри во Токио, но не настапи.


Активно се натпреварува, и нема причина да престане.

Освен атлетиката, ја интересираат и други работи. На пример, во сезоната 2020/21, таа работеше како фитнес тренер за Борусија Дортмунд.

Покрај тоа, Алика е многу популарна на социјалните мрежи. Речиси три милиони луѓе ја следат на Инстаграм.

View this post on Instagram

A post shared by  (@alicasmd)


Оваа недела беше забележана во друштво на најскапиот фудбалер на светот Нејмар на промоција на електричен автомобил.

Во секој случај, може да се каже дека Алика ужива во животот и знае да искористи сè што ѝ дала природата. 


Извор: 24sedam.rs