Најубавата балада на Наташа Беквалац крие голема тајна: Секогаш кога ќе ја запее, пејачката се сеќава на таа страшна трагедија! (ВИДЕО)

Фото: Printscreen Youtube / Natasa Bekvalac


Со години не можеше да ја преболи неговата смрт, а за него беа напишани стиховите од нејзината најемотивна песна ...

Пејачката Наташа Беквалац со години нема среќа во љубовта, а малкумина знаат дека нејзината прва љубов, момчето кое го сакаше на само 17 години, заврши трагично.

Наташа беше во врска со момче кое студираше архитектура, тој ѝ беше прва љубов, а негова страст беа моторите.

Цел Нови Сад ги гледаше како крстосуваат низ градот на две тркала, но брзото возење го чинеше живот.

Во тоа време Наташа го сними својот прв албум, а и беше многу тешко да ја поднесе загубата на своето момче. Таа нему му ја посвети песната „Мирис“, една од нејзините најубави балади.

Мирисот на твојата коса,

ветровите ми го носат на југ,

небото ми се смее

облаците ми пркосат,

долго време не си ме држел во прегратки

Тоа е дел од песна кој пејачката ја потсетува на трагедијата од младоста.


Извор: stil.kurir.rs