Наташа Беквалац за ќерките: Не коментирајте ги различните презимиња, така е како што е

Пејачката искрена за своите ќерки и правилата во нејзиниот дом

Првата ќерка Наташа ја доби со познатиот ватерполист Данило Икодиновиќ, а помладата наследничка Катја со бизнисменот Лука Лазукиќ

Пејачката Наташа Беквалац откри кои правила важат во нејзината куќа, а кога се осврна на своето презиме и презимињата на нејзините ќерки, ги насмеа сите.

- 1. Моите кучиња се моето семејство. Почитувајте ги! 2. Каучот е нивен. Креветите се нивни. Вие сте гостин! 3. Влакнатасе украс. 4. Моите кучиња се секогаш во право! 5. Ние ги сакаме нашите кучиња, ако имате несоодветен коментар, чувајте го за себе, нема да коментираме ниту кога љубите - напиша Наташа, а потоа ги наброи членовите на нејзиното семејство.

- Со почит, Наташа Беквалац, Хана Икодиновиќ, Катја Лазукиќ, Јована Миркаило, Лана Беквалац, Мишко Беквалац ...



- Не коментирајте ги различните презимиња, така е како што е - напиша пејачката и додаде емотикони кои „плачат од смеење“, а многумина реагираа исто како Наташа.

Да потсетиме, Наташа ја доби својата прва ќерка со познатиот ватерполист Данило Икодиновиќ, а помладата наследничка Катја со бизнисменот Лука Лазукиќ.


Фото: Инстаграм/Наташа Беквалац

Можеби ќе ве интересира:

Во секси костим Наташа Беквалац ја отвори сезоната на настапи после короната и порача: Едвај чекам да се дружам со публиката