Наташа е ѕвезда во Индија: Се омажи за најбогатиот спортист, глуми во Боливуд и живее како кралица

Наташа Станковиќ од Пожаревац во 2012 година заминала во Индија да го исполни својот сон

Таа почнала да работи како модел за разни познати брендови и така почнала да станува популарна.

Наскоро, во 2013 година, таа се појави во боливудската политичка драма „Сатјаграха“. Оваа улога и ги отвори вратите на индискиот шоубизнис на Наташа, а потоа учествуваше во нивното реално шоу „Bigg Boss“, и во нивната верзија на шоуто „Танц со познатите“.


Наташа со години се забавуваше со телевизискиот актер Алаи Гони. Меѓутоа, работите меѓу нив не оделе најдобро, па се разделиле.


Набрзо го запознала најбогатиот играч на крикет, Хардик Панџа, чија моментална вредност се проценува на 1.500.000 долари. Фановите се луди по него, како и за крикетот - најмногу поради него. Тој стои зад големите победи кои Индија ги постигна во последно време и одигра важна улога како индиски репрезентативец.


Наташа и Хардик го имаат синот Агастја, а често споделуваат заеднички фотографии и снимки на кои јасно се гледа дека уживаат во љубовта, но и во луксузниот живот.

Инаку, интересно е што Наташа во август минатата година учествуваше и во спотот за песната „Гили Гили“ на МЦ Стојан.


Фото: Инстаграм / natasastankovic__