Не бадијала е една од најубавите жени кај нас: Вака Ирена Спировска ужива и тело ремек дело прави (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Ако некоја позната личност некогаш апелирала до младите да не подлегнуваат на пластичните интервенции, туку да го задржат природниот изглед, тогаш тоа е водителката Ирена Спировска.

Несомнено е една од најубавите жени кај нас која никогаш нема правено никакви естетски интервенции.

За нејзиниот добар изглед се грижи здравиот живот и на балансираната исхрана, а лично тоа го докажа и овој пат постирајќи фотографија од нејзините омилени активности на кои е посветена во слободното време.


Спировска денешниот врнежив втори мај го помина на велосипед заедно со партнерот. Таа ужива во планинарењето, а пораката што во една прилика им ја упати на помладите е дека со редовни спортски активности и со умерена исхрана можат да бидат атрактивни и убави и во зрелите години. 


„Жал ми е што гледам сè повеќе млади девојки со естетски корекции. Жените во зрели години и можам да ги разберам некако што се одлучуваат да направат естетски интервенции, но никако не можам да ги разберам младите девојки“, ни изјави Ирена.

Таа е препознатливо лице од тв екраните, која зад себе има успешна 25 годишна кариера. 



Ирена Спировска е најангажираната водителка на промоциите на речиси сите познати поп и фолк-пејачи, како и многу културни и општествени настани и е синоним за успешна, но и негувана и убава жена. Приватно најголема радост ѝ е ќерката Зорица, а е и активен член на НВО „Борка“.

Спировска е една од ретките која успева умешно да направи баланс меѓу приватниот и професионален живот, а слободното време го користи за планинарење. 


Фото: Инстаграм/printscreen Irena Spirovska oficijalen profil


(ФОТО) Не кријам дека сум во врска: Ирена Спировска го покажа партнерот

Немам правено интервенции, немам вештачки исцртани веѓи, вештачки нокти, трепки: Ирена Спировска апелира до младите да го задржат природниот изглед