Немам правено интервенции, немам вештачки исцртани веѓи, вештачки нокти, трепки: Ирена Спировска апелира до младите да го задржат природниот изглед

Добивај вести на Viber

Водителката Ирена Спировска, една од најубавите жени кај нас вели дека никогаш нема правено никакви естетски интервенции, а нејзиниот добар изглед го препишува на здравиот живот и на балансираната исхрана.

-Пораката што сакам да им ја упатам на помладите е дека со редовни спортски активности и со умерена исхрана можат да бидат атрактивни и убави и во зрелите години. Жал ми е што гледам сè повеќе млади девојки со естетски корекции. Жените во зрели години и можам да ги разберам некако што се одлучуваат да направат естетски интервенции, но никако не можам да ги разберам младите девојки“, ни изјави Ирена која штотуку се врати од одмор.


Оваа година, таа вели дека и покрај работните ангажмани, успеала да одвои неколку дена и за одмор, па се одлучила за комбинација: неколку дена на море, неколку на езеро и се разбира неколку дена на планина.

Ирена, која долги години е заштитен знак на ТВ Алфа е горда на својот природен изглед.


-Немам правено никакви интервенции освен козметички третмани за одржување на нега на кожата на лицето на природна база. Немам дури ни вештачки исцртани веѓи, вештачки нокти, трепки...Секогаш ќе има некој со посензуални усни од нашите, со погусти трепки, со побујни гради, подолги нозе или потенка половина...Нема потреба да тежнееме кон идеални пропорции. Треба да научиме да уживаме во нашата уникатност, тоа нè прави да бидеме единствени. Колку порано го сфатат тоа младите девојки, толку подобро за нив“, вели Ирена која беше дел од традиционалниот Тамбурашки фестивал во Куманово и даде комплимент за изгледот на Каролина Гочева која настапи на фестивалот.


-На Тамбурашкиот фестивал во Куманово ја гледав Каролина Гочева, таа пееше таму. Ниту веѓи цртани, ниту трепки, ниту нокти“, рече Ирена за Каролина и нагласи дека многу ѝ се допаѓа изгледот на поп-ѕевздата.

За својата линија, Ирена вели дека со години успев да ја одржи благодарение на гените, избалансираната исхрана и континуираната физичка активност т.е. планинарењето.

-Ги сакам „outdoor“ спортските активности како кајакарење, возење велосипед, параглајдинг но планинарењето отсекогаш било на врвот на листата.

„Највисокиот врв на кој досега сум била е Мусала кој со своите 2925 мнв е највисокиот врв на Балканот“, ни раскажа Спировска.


Таа долго време е во среќна врска со Душко Исајловски. Со партнерот ја врзува љубовта кон спортските активности.

-И двајцата го сакаме спортот и секогаш преферираме активен одмор исполнет со разни спортски активности, а не одмор кој ќе го поминеме во лежење на плажа“, рече Ирена.


Проект на кој таа посветено и со љубов работи е новата емисија на „Алфа“, наречена ВЕЗИЛКА, заедно со колегите Адријана Алачки и Благоја Грујовски.  


-Проектот ВЕЗИЛКА, телевизија АЛФА планираше да го започне уште минатата есен но поради пандемијата беше ставен во мирување. Свесни бевме дека во ТВ етерот недостига емисија од тој тип и сакавме на гледачите да им понудиме квалитетна музичко-фолклорно шоу кое ќе ги промовира убавините и традиционалните вредности на Македонија, но моравме да чекаме погоден момент за тоа. Во јуни почнавме со подготовките и во јули започнавме со емитување на емисијата во неделен термин со почеток од 12часот. ВЕЗИЛКА за многу кратко време стана популарна и стекна одличен рејтинг, па уште во првиот месец од нејзиното емитување успеа да стане најгледаната емисија не само на АЛФА туку воопшто во ТВ етерот што потврдува дека не згрешивме што го започнавме проектот во летниот период додека најчесто сите одмораат“, рече Ирена.


За неа и за коелгите, ова лето било работно и напорно, но како што вели таа, екипата на ВЕЗИЛКА работи со голем ентузијазам и посветеност, а кога се работи со љубов ништо не е тешко.


Милиџа Џаровска 

Фото: Приватна архива