Животна училница // Приказни
НЕ Е МАЈТАП: МАКЕДОНСКО БЕБЕ РОДЕНО НА ИСТ ДАТУМ КАКО ТАТКО МУ И ДЕДО МУ
- 15 Октомври, 2018
Филип Павлоски (34), по професија физикален терепевт и по потекло од Прилеп, пријатно ги изненадил вработените во болницата во Ливерпул, кога им објаснил дека неговиот син Кристофер се родил во ист ден и на ист датум (6 октомври, сабота) со него, но и со неговиот татко Киро (роден во сабота на 6 октомври 1956 година), информира порталот „Маркукуле“.
Тамошниот локален портал „Ливерпул Ехо“ напиша дека станува збор за вистинско чудо и дека такво совпаѓање се случува со веројатност 1:48 милиони.
Она што е уште поинтересно е дека сопругата на Филип, Цветомира (31) по потекло од Бугарија, кажала дека и нејзината сестра е исто така родена на 6 октомври 1983 година.